Вчера македонскиот инфлуенсер познат како Бомбакис се венча со саканата Вики, а денес сподели импресии од веселата свадба.
Тој сподели фотка на Инстаграм на која држи картон со натпис „Преубо чоек“.
Во описот раскажува колку добро си поминале и тој и Вики, но и гостите:
„Аууу каков ден! Малку ќе звучам себично, ама треба да имаш јака екипа за ваков провод! А мојата екипа е најјака! Фала ви на сите што бевте присутни од Србија, Шпанија до Битола…
Фала ви на сите за честитките се потрудив на сите да ви вратам. И фала ѝ на Вики што постои“.
Бомбакис се појави во две уникатни комбинации на посебниот ден – во црквата носеше сако со цветови, додека на вечерната прослава носеше бел костум со интересен дезен.
На свадбата свој настап имаше и Спасен Силјаноски, а во еден миг и самиот Бомбакис се качи на сцена.