Сител: Починатото лице кај неготинската депонија е мигрант кој бил каснат од отровна змија

Отровна змија го каснала младиот маж кој беше пронајден без знаци на живот кај градската депонија Дуброво покажа, покажаа првичните информации од обдукцијата, објави Сител. 

Претходно, од СВР Велес информираа дека во близина на неготинското село Дуброво, кај градската депонија Неготино полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, пронашле тело на починато машко лице, на возраст од 25 до 35 години.

Според првичните информации станува збор за мигрант на возраст од 25-30 години.

извор: Сител. 

фото: unsplash.com