Граѓаните на Србија предале 13.500 парчиња оружје

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека до утрото на 14 мај биле собрани околу 13.500 парчиња различно оружје и мински експлозивни направи.

„Горд сум на оваа акција и резултатите. Неопходна и важна е за поголема безбедност на нашите граѓани“, рече Вучиќ на изложувањето на нерегистрираното оружје што граѓаните го предадоа во полициските станици.

Властите во Србија ги повикаа граѓаните да и предадат нелегално и легално оружје на полицијата, откако во Србија се случија две масовни убиства во кои загинаа 17 лица, а 21 беа повредени.

Вучиќ рече дека меѓу предаденото оружје има и автоматски пушки со преклопен кундак, снајперски пушки и митралези, како и рачни бомби.

извор: slobodnaevropa.mk