Најмалку 10 лица загинаа, а 20 се водат како исчезнати како последица на ураганот Агата, кој ја погоди мексиканската држава Оахака, јавува Агенција Анадолија (АА).
Агата, првиот ураган оваа сезона на Пацификот, го погоди брегот на Мексико.
Гувернерот на државата Oaxaкa, Алехандро Мурат, наведе дека реките се излеале како последица на ураганот и свлечиштата.
„За жал, 10 луѓе загинаа, а 20 се водат како исчезнати“, рече Мурат.
Од Цивилната заштита на Oaxaкa е наведено дека ураганот предизвикал голема материјална штета, особено во регионот Сиера Сур.
Соопштија дека бројот на загинати би можел да порасне.
Ураганот кој се движел со брзина од 140 до 170 километри на час од брегот на Oaxaкa, создал бранови високи од 6 до 8 метри.
Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).