Во Саудиска Арабија откриени остатоци од морски суштества стари 80 милиони години

0
238

На северозападот на Саудиска Арабија пронајдени се фосили од морски суштества кои датираат од пред 80 милиони години, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Геолошкиот институт на Саудиска Арабија издаде писмено соопштение во кое се осврна на остатоците откриени во градовите Дуба и Умлуџ.

Во соопштението е забележано дека како резултат на работата на експертска делегација во регионот, откриени се остатоци од изумрени морски суштества кои датираат од пред 80 милиони години.

Тарик Еба ал Калил, портпарол на Саудискиот геолошки институт, истакна дека во рамките на истражувањето, покрај различни видови фосили од ’рбетници и безрбетници, пронајдени се и остатоци од растенија кои живеат во плитки и крајбрежни морски средини, а датираат од периодите креда и миоцен.

Во рамките на „Визија 2030“, Саудискиот геолошки завод врши геолошки истражувања на брегот на Црвеното Море со цел да го заштити геолошкото и историското наследство во Саудиска Арабија.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).