Го убил братот па го закопал во семејниот двор

0
427

Според информациите од портпаролот на СВР Куманово Ивана Младеновска, сторителот бил лишен од слобода во текот на вчерашниот ден, откако во Министерството за внатрешни работи била примена дојава.

-Во текот на вчерашниот ден, во 15:15 часот во село Гиновце, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода четириесетгодишниот Ф.А. од селото Гиновце, Општина Ранковце, постапувајќи по пријава добиена во 14:30 часот, според која тој пред неколку недели, по претходна расправија, го усмртил неговиот брат, дваесет годишниот С.Џ. од истото село и го закопал во дворот од семејната куќа, информира Младеновска.

Полициски службеници од Полициско одделение Ранковце излегле на местото, а Ф.А. бил приведен во полициска станица и при извршен службен разговор го признал делото.

Од страна на Јавен обвинител, полициска екипа, претставници од Институт за судска медицина и од Центарот за социјални работи извршен е увид, телото е пронајдено и по насока на обвинител предадено за обдукција. По целосно расчистување на случајот против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава.

фото: Архива