Убедлива победа на Македонија, Гибралтар го совлада 4:0

Македонската фудбалска репрезентација забележа убедлива победа со 4:0 вечерва против Гибралтар на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Средбата од Лигата на нации беше решена по само 15-ина минути игра кога на семафорот стоеше 3:0 за домаќинот.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски од самиот почеток покажаа одлучност да ги освојат бодовите и веќе во 4. минута поведоа преку Енис Барди. Следуваа два погодока на Бојан Миовски (14 и 16. минута) за убедливи 3:0. До крајот на првото полувреме Дарко Чурлинов (31. минута) зголеми на 4:0.

Во второто полувреме мрежите на двете страни мируваа.

извор: Република
фото: Република