Манекенката Наоми Кемпбел доживеала непријатнa случка на аеродромот во Софија, Бугарија. Имено, познатата манекенка била замолена да се тргне настрана за посебен претрес, пренесува „Дејли Мејл“.
Таа смета дека причината зашто ја одвоиле од останатите патници е расизмот бидејќи е црна жена.
Нејасно е дали персоналот кој побарал посебен претрес на нејзините работи се вработени на аеродром или работат во приватна компанија. Манекенката подоцна била видена како го напушта аеродромот со капа на главата, држејќи торба во раката пред да биде однесена со автомобил во луксузен хотел во Софија.
Настанот се случил на 19 мај.
извор: Република
фото: Република