Земјотрес со јачина од 5 степени вечерва во провинцијата Ван во источна Турција

0
318

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди провинцијата Ван во источна Турција, која се граничи со Иран.

Засега нема податоци за жртви или повредени, објави турското Министерство за здравство на Твитер.

Според турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), земјотресот бил на длабочина од 18,6 километри, а се случил во 21:35 часот, пренесува АП.

Фото: Архива