Ковачевски: Францускиот предлог за кревање на ветото ќе пристигне во Скопје откако ќе се усогласат земјите-членки

0
338

Францускиoт предлог за кревање на бугарското вето сè уште не е пристигнат во Скопје, а би пристигнал дури откако земјите членки на ЕУ, вклучително и Бугарија, ќе се усогласат, изјави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања на Преспа форумот за дијалог во Охрид.

Ковачевски образложи дека предлогот го даваат земјите членки на ЕУ бидејќи ние сме држава која сака да се зачлени.

Врз основа на предлогот што тие ќе го усогласат, вели Ковачевски, истиот кога ќе биде подготвен и ако биде усогласен помеѓу сите земји членки ќе биде доставен до нас и тогаш ќе ги дадеме нашите забелешки.

Според Ковачевски, во евентуалното решение за спорот ќе мора да има гаранции дека тоа ќе бидат последните барања на Бугарија. Тој повтори дека нема да има разговори за  македонскиот јазик и за македонскиот идентитет.

makfax