Се враќа на голма врата славната ,,Буба,,, надвор ретро, внатре автоматика!

0
660

Секако, станува збор за посебен рестомод со посебна цена. Автомобилот е најавен со скици, а откриено е дека ќе бидат произведени само 22 примероци кои ќе им оддадат почит на вкупно 22 милиони произведени примероци на оригиналната “Буба”. А секој примерок се нуди по почетна цена од 570.000 евра.

И покрај инфлацијата и очигледната модернизација, нема таков што нема да праша зошто оваа “Буба” чини повеќе од повеќето суперспортски автомобили. Тоа прашање засега нема да биде одговорено бидејќи основачот на компанијата Џонатан Енглер не открива многу.

За почеток, тука е фактот дека секој “Milivie 1” се заснова на оригиналниот примерок “VW Beetle 1303”. Премотајте неколку илјади работни часови напред и би требало да го добиете автомобилот од скицата. Под задниот капак има 2.28-литарски четирицилиндричен мотор без електрони. Има двоен карбуратор “Weber”, а усогласен е со четири-степенски автоматски менувач од “Porsche Carrera 2”.

И додека од надвор е ретро, внатрешноста сосема е во склад со трендовите. Изгледот е препознатлив, но е опремен со модерна опрема која вклучува дигитален кокпит, безжично полнење, hi-fi аудиосостав и уште многу други работи.

 

 

tocka.mk