Средствата во износ од 133 000 денари кои изминатиов период се собраа од хуманитарните паркинзи ги донираме онаму каде што е најпотребно.
Дел од овие средства, односно 80 000 денари ги донираме на 21 годишниот Мухамет Максуд кај кого е неопходна медицинска интервенција поради неговата здравствена состојба. Воедно тука упатувам апел за секој еден кој е во можност да донира за Мухамет да може повторно нормално да продолжи да живее.
Останатиот дел во износ од 53 000 денари ги донираме на Здружението на дијабетичари – Охрид.
Одлуката за поставување на хуманитарни паркинг простори се покажа дека е повеќе од одлична. Имаме замисла овој проект во иднина да го надоградуваме, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.