Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 25.06.2022 година (сабота) поради одржувањето на „Парада на гордоста“, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците на централното градско подрачје на Скопје.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.