Бугарскиот премиер Кирил Петков ја поднесе оставката до Владата, јави репортерот на БГНЕС.
Оставката е поднесена по курир, велат за БГНЕС од прес-центарот на Народното собрание. Петков рано изутрината пристигна во зградата на Министерскиот совет, придружуван од обезбедувањето и без коментар.
БГНЕС потсетува дека владата падна по гласањето за недоверба на 22-ри јуни. За недоверба гласаа 123 пратеници, против беа 116. Воздржани немаше. Гласањето го поднесе ГЕРБ поради економските неуспеси на владата.