Мицкоски до Сарацин: Францускиот предлог е неприфатлив

0
449

Одржав средба со Високиот претставник на германскиот Бундестаг за Западен Балкан, Мануел Сарацин.
На средбата се дискутираше за актуелните политички состојби во Македонија во врска со пристапувањето кон Европската Унија, напиша на својот Фб профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во објавата Мицкоски додава:

Ги истакнав позициите на ВМРО-ДПМНЕ за неприфатливоста на овој предлог кој владата очигледно веќе го прифатила. За нас е недозволиво историјата, јазикот и идентитетот да останат заложник на бугарските негаторски интереси. Преговорите за вклучување на Македонија во ЕУ треба да бидат врз основа на Копенхагенските критериуми и не смее да се дозволи билатерални прашања да го оптоваруваат пристапувањето.

извор: ФБ Христијан Мицкоски
фото: ФБ христијан Мицкоски