ВМРО ДПМНЕ за Ласкарци: Само во судството на СДС и ДУИ првообвинетиот добива најмала казна од 4 години, а шестообвинетиот најголема од 14 години

После 5 години низ правосудните лавиринти на системот контролиран од СДС и ДУИ денес случајот Дурмо Турс има разрешница, која наместо да дoнесе правда за оваа трагедија, отвора нови прашања, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото се додава:

Само во судство на СДС и ДУИ, првообвинетиот, газдата на Дурмо Турс, добива најмала казна од обвинетите (4 години), а возачот, шестообвинет, најголема (14 години).

Само во судство на СДС и ДУИ, вештачење на пензиониран наставник од средно училиште има поголема вредност од вештачење на Машинскиот факултет.

Пет години му требаше на судството со СДС и ДУИ, да пресуди за 16 изгубени животи во превртен автобус со неисправни кочници.

Почитувани, затоа довербата во судството е само 2 проценти.

Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме.

извор: ВМРО ДПМНЕ