(ФОТО) Дневна соба на плажа во Силба, Хрватска

Еден дел  на островот Силба се претвори во вистинска дневна соба. На фотографиите се гледаат уредно наредени фотелји, масичка за кафе, столчиња и други работи, исто како во куќата.

Во почетокот беа донесени само неколку парчиња мебел – една фотелја и стол и една маса. После тоа, на пристаништето пристигна шанк столче и мал шатор, за попладневен одмор под сонцето.

Во „дневната соба“ на пристаништето живеат деца, кои веројатно ја опремиле.

index.hr