Апелација му ја зголеми казната на возачот кој ја прегази Викторија кај „Сити Мол“

0
472

Апелација му ја зголеми казната на четири години затвор на возачот Јордан Ѓоргиев кој смртоносно ја прегази Викторија Николова на пешачкиот премин на раскрсницата кај „Сити мол“. Од судот потврдуваат дека казната е зголемена за една година, од првичната изречена која беше три години затвор. Причините за зголемување на казната за една година, детално ќе бидат образложени во пресудата, која треба да биде јавно објавена.

„ Одредени се четири години затворска казна“, велат од Апелација.

Претходно, Кривичен суд одреди тригодишна затворска казна за возачот Јродан Ѓоргиев.

извор: press24.mk