Апелација му ја зголеми казната на четири години затвор на возачот Јордан Ѓоргиев кој смртоносно ја прегази Викторија Николова на пешачкиот премин на раскрсницата кај „Сити мол“. Од судот потврдуваат дека казната е зголемена за една година, од првичната изречена која беше три години затвор. Причините за зголемување на казната за една година, детално ќе бидат образложени во пресудата, која треба да биде јавно објавена.
„ Одредени се четири години затворска казна“, велат од Апелација.
Претходно, Кривичен суд одреди тригодишна затворска казна за возачот Јродан Ѓоргиев.