Професорот Ристески од МО бил платен за партиски активности – опозицијата бара оставки

На социјалните мрежи се појави дикумент, извештај, потпишан од универзитетскиот професор Темелко Ристески за тоа што во јули 2020 година сработил како ангажиран советник на Министерството за одбрана. Во извештајот тој главно известува за тоа што сработил во корист на партијата, а не во корист на МО – пишувал на Фејсбук, објавувал агитациски текстови, телефонски се јавувал кај што треба, објави МКД.МК.

Во изјава за медиуми за професорот Ристески нема ништо спорно. Тој потврдува дека е автор на извештајот до државниот секретар на Министерството за одбрана, потврдува дека бил ангажиран како надворешен советник за правни работи за стратегиски одбранбен прегледво 2019 и во 2020 година. Според извештајот, стратешка била неговата одбрана на интересите на владеачката партија СДСМ.

извор: МКД.МК.

фото: МКД.МК.