Градоначалникот на општина Тетово и лидер на Движење Беса, Биљал Касами вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека најдобра опција се избори оваа есен.
Според него, оваа есен е најдобрата опција за да имаме предвремени парламентарни избори со цел да се стави крај на политичката криза.
„Идната влада ќе ја има можноста и капацитетот за решавање на сите проблеми вклучувајќи и спорот со Бугарија“, порача Касами.
извор: ТВ21
фото: ТВ21