Уганда: 46 лица починаа од глад

0
332

Четириесет и шест лица починаа од глад предизвикан од сушата која трае со месеци во источноафриканската земја Уганда, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Фејт Накут, пратеничката од регионот Карамоџа, во изјава за медиумите рече дека луѓето јадат трева за да преживеат поради сушата која во регионот трае со месеци.

Подвлекувајќи дека луѓето во регионот умираат од глад бидејќи нема храна, Накут додаде: „Поради гладот кој владее во подрачјето на Карамоџа, до 8 јули 46 лица починале од глад, а 2.181 домаќинство се во исчекување на смртта.“

Накут рече дека службениците, чекајќи ја власта да одговори на настанатата ситуација, од своите плати купувале храна за најзагрозените домаќинства.

Таа апелира до светот за помош пред да се зголеми бројот на жртвите.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).