Засипнатост, кивање, замор, болки во мускулите и вртоглавица – нови симтпоми на коронавирусот

0
405

Дека сè уште не треба да се опуштиме и дека ни се заканува нов бран на КОВИД 19, докажуваат загрижувачките бројки на новозаразени со корона вирусот. Тоа го поткрепува и тоа што за десет дена двојно се зголемил бројот на пациенти со Ковид во болницата, а се промениле и симптомите, објави Република . 

Високата температура, треската, губењето на мирис или вкус сега се поретки. Според податоците собрани од 17.500 луѓе кои тестирале позитивно на Ковид оваа недела, главниот симптом што укажува на вирусот е болки во грлото.

Освен тоа, во малку поголема мера се јавуваат засипнатост, кивање, замор, болки во мускулите и вртоглавица. Еве ги најчестите симптоми:

– болки во грлото – 58 проценти
– главоболка – 49 проценти
– затнат нос – 40 проценти
– кашлица без слуз – 40 проценти
– течење на носот – 40 проценти
– кашлица со слуз – 37 проценти
– рапав глас – 35 проценти
– кивање – 32 проценти
– замор – 27 проценти
– болки во мускулите – 25 проценти
– вртоглавица – 18 проценти
– отечени жлезди на вратот – 15 проценти
– болка во окото – 14 проценти
– промени во сетилото за мирис – 13 проценти
– затегнатост во белите дробови – 13 проценти
– треска – 13 проценти
– потреси – 12 проценти
– скратен здив – 11 проценти
– болка во увото – 11 проценти
– губење на мирис – 10 проценти

 

извор: Република