Вработените во подружница Лопушник- Кичево продолжуваат со активностите против бесправна сеча

0
6

На ден 20.10.2024 година во координирана акција на Шумочуварската служба на Лопушник, службени лица на МВР и Шумската полиција Кичево во град Кичево, во приватен објект затекнато е бесправно посечено и складирано дабово огревно дрво. По извршените контроли констатирано е дека дрвата се без соодветна документација и жиг и истите потекнуваат од бесправни дејствија. Дрвата се одземени и пренесени во склад на Лопушник а против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава.