Скандалозен пропуст на ФИБА – не именуваа како „Северна Македонија Косово“

0
342

Младинската репрезентација на Македонија во главниот град на Грузија, Тбилиси го игра мечот од третото коло од Европското Првенство – Б дивизија.

Противник е селекцијата на Косово, но тоа што го привлече вниманието на јавноста е огромниот превид на организаторите кои нашата држава ја именуваа – Македонија Косово.

За време на натпреварот, селекциите се означени со официјалните кратенки, но на полувремето од официјалниот пренос на јутјуб-страницата на ФИБА можеше да се забележи Косово од едната и Македонија Косово од другата страна.

извор: Република

фото: Република