Наум Петрески: Цел живот го посветив за Македонија и македонската песна, но овие предавници сакаат да уништат се македонско

0
448

Легендарното музичко име на македонската естрада Наум Петрески со своја обајва се повика на социјалните мрежи со оглед на политичката ситуација која се случува во Македонија.

Наум во својот пост објави пејсажна фотографија од Радожда и напиша:

,,Македонска идила, сликано во Радожда. Цел живот го посветив за Македонија и македонската музика, но очигледно овие предавници сакаат да уништат се македонско. Нема да ви заборавиме, а вашите поколенија ќе бидат вечно колнети. Македонија вечна, напиша пејачот Петрески.