Брена синоќа одржа голем концерт во Романија, а пејачката се присети на својот настап во далечната 1984 година:
Вечерва ќе одржам спектакуларен концерт и сето тоа ме потсетува на далечната 84-та година кога луѓето ме пречекаа со фрлање цвеќиња по мене каде и да поминав. Тогаш владееше семејството Чаушеску и народот живееше многу тешко, а јас им го дадов тоа што можев, мојата песна и љубов. Никогаш нема да заборавам кога Чаушеску ми забрани да пеам во Романија затоа што не разбраа дека еден пејач може да биде посилен од еден претседател. Пред концертот ќе се занимавам со јога и ќе медитирам, а потоа полека ќе одам на стадионот каде што чекам да се сретнам со љубителите на мојата музика – изјави пејачката која стана почесен граѓанин на романскиот град Берзаска.
informer.rs