Иако заработува 20 илјади евра неделно, пејачката живее скромно со мајка и!

Иако заработува огромна сума на пари, сепак живее скромно…

Минатата година на пејачката Теа Таировиќ ѝ ја одбележа албумот, поради кој значително ѝ скокна цената на тезгите, па со оглед на тоа што месечно одржува скоро 20 настапи, нејзината сметка во банка сигурно тежи повеќе илјади евра.

Иако го доби епитетот „кралица на бакшижот“ и претходната година зарабти повеќе стотина илјади евра, Теа остана скромна и остана да живее со својата мајка во родниот Нови Сад.

Имено, екипата на „Папарацо лов“ во една прилика го истражуваше нејзиниот љубовен живот и во таа прилика ја сними и нејзината семејна куќа во родниот град.

Теа живее со нејзината мајка Божица во една населба во Нови Сад, изолирана од центарот на градот, каде сите куќи се идентични. Иако заработува повеќе од 20.000 евра на неделно ниво, пејачката живее скромно.

Куќата е на три ката, а малиот двор е ограден со зеленило, па така Теа и нејзината мајка имаат свој мир.

Нивниот семеен дом не отстапува од ниту една куќа која се наоѓа во таа населба, а во дворот покрај главната куќа, има и ПВЦ контејнер во кој исто така може да се живее.

 

 

 

zenskimagazin.mk