Најстарата машка панда на светот почина на 35 години

0
257

Најстарата машка панда на светот почина во Зоолошката градина на Забавниот парк во Хонгконг, каде што живееше 23 години, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Службениците на паркот соопштија дека машка панда по име Ан Ан почина на 35 години.

Во соопштението се наведува дека на пандата три недели ѝ се влошувала здравствената состојба и не можела да јаде цврста храна. Затоа ветеринарите, за да спречат понатамошно страдање, ја успале со лекови.

Се нагласува дека пандата страдала од висок холестерол, што е вообичаено во напредната возраст на расата.

Во 1999 година, кога Ан Ан имал 12 години, Кина на специјалниот административен регион Хонгконг му подарила женска панда по име Џиа Џиа.

Пандата Џиа Џиа​​​​​​​, која почина во 2016 година на 38-годишна возраст, беше најстарата женка панда која живеела под надзор.

Власта на Пекинг му подари уште еден пар панди со имиња Јинг Јинг и Ле Ле, на регионот во 2007 година, за време на прославата на 10-годишнината од предавањето на Хонгконг на Кина.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).