Русија ја прогласи Хрватска за непријателска држава

0
377

Ние сме во непријателство со Русија, но не толку активно како другите земји, изјави денеска претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, откога руската влада објави дека ја вклучила Хрватска во списокот на непријателски земји.

„Не е воена состојба, но трае со месеци. Ние сме во непријателство со Русија. Во неа учествуваме не толку активно како другите земји, кои де факто војуваат, за да не се лажеме себеси. Ова е многу опасна ситуација, која се заканува да прерасне во нешто неразбирливо, се надевам дека не. Сега можам да се надевам, не можам ништо друго“, го коментира Милановиќ последниот потег на Русија кон Хрватска, пренесе „Индекс“.

Руската влада ја додаде Хрватска на списокот со непријателски земји против кои се преземаат контрамерки заедно со Словенија, Грција, Данска и Словачка, објави претходно денеска „РИА новости“.

makfax.com