14 години затвор за американски војник кој сакал да и помогне на ИД во напади

0
7

Американски војник е осуден на 14 години затвор затоа што планирал да и помогне на Исламска држава (ИД) да изврши напади врз американски војници. 24-годишниот Кол Бриџис пренесувал армиски информации и давал совети за поставување замки.

Бриџис ѝ се придружи на американската армија во 2019 година. Пред тоа се нурнал во протерористичка пропаганда. На своите канали на социјалните мрежи тој покажа дека ја поддржува ИД и џихадот.

Една година подоцна тој беше разоткриен. Бриџис мислеше дека споделува делови од прирачник за обука на американската армија и упатства за воена борбена тактика со поддржувач на ИСИС, но во реалноста тој контактирал со таен агент на ФБИ. Тој добил и совети за поставување заседи и поставување на замки.

Според американското Министерство за правда, Бриџис дејствувал со верување дека информациите ќе ги искористи ИСИС за планирање напади врз американските сили на Блискиот Исток.

„Предавство од најлош вид“

Бриџис му рекол на тајниот агент дека е фрустриран од американската војска. Наводно, на агентот му испратил слики од себе во армиска униформа, како стои пред знамето кое често го користи ИД.

Според обвинителот, Бриџис ја искористил својата обука за „гнасна цел: да ги убие своите колеги војници во внимателно планирана заседа. Ова е предавство од најлош вид“.

Бриџис веќе се изјасни за виновен минатата година. Казната можеше да биде поголема од 14 години затвор, но судијата рече дека Бриџис покажувал „знаци на каење“. На пример, по апсењето тој рече дека е среќен што има работа со агент на ФБИ, а не со вистински терорист на ИД.

Самиот Бриџис се залагаше за најдолга можна затворска казна од 40 години. Судијата не се согласи со ова, бидејќи според него тој не е „тврд криминалец“.

извор: НОС Холандија