Според информациите од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, прославата на Илинден ќе се одржи на платото во Вила Водно, објави faktor.mk.
Пендаорвски го одбележа Денот на Републиката во Скопје последен пат пред три години како прва прослава во организација на шефот на држават. Тогаш на прославата на Илинден присуствуваа претставници на Сојузот на борците, беа поканети претставници на политички партии и дипломатскиот кор.
Лани, пак, Пендаровски, според распоредот, беше во Крушево, но и тогаш се обиде да внесе новина во прославата, па не држеше говор на Мечкин Камен, туку претходно имаше видео обраќање.
извор: faktor.mk.
фото: Архива