Холандија: Храбрата Љатифе Пекер со крпа за прашина избрка крадец од пекарница

Во Холандија се зборува за Љатифе Пекер со потекло од турска Конија, која со крпа за бришење прашина избрка крадец кој со сатар влезе во нејзината пекарница во градот Девентер, јавува Агенција Анадолија (АА).

На видеоинсертите кои се споделени на социјалните мрежи, се гледа како Љатифе Пекер, со крпа за бришење прашина и средство за стакло, брка крадец чие лице е покриено и се упатува кон касата на пекарницата.

Пекер, реагирајќи веднаш на обидот за кражба, почнува да го удира крадецот.

Откако извесно време се бори со Пекер, крадецот паѓа на земја и почнува да бега од пекарницата.

Крадецот, по кратка борба со еден Холанѓанец кој во тој момент влегува во пекарницата, успева да избега со велосипед.

Пекер (47), мајка на три деца, која е сопственичка на пекарницата „Мевлана“ во градот Девентер, за локалните медиуми истакна дека настаните се развиле ненадејно и дека не видела дека крадецот има сатар во раката.

Таа, исто така, нагласи дека во тој момент воопшто не помислила на смртта.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).