(ВИДЕО) Невремето предизвика огромни штети во Охрид – откорната дел од лимен покрив од зграда, откорнати дрвја, прокиснати тавани …

Невремето кое го зафати Охрид, предизвика огромни штети.  Откарната дел од лимен покрив од зграда, откорнати дрвја, прокиснати тавани, искршена урбана опрема…
Делови од покрив на зграда одлетаа од уицата Мирче Ацев, на Лазо Трпоски. Само среќна околност е што нема повредени и насатрадани. При секое невреме во Охрид летаат поркиви од зградите кои се доградувани подоцна од градбата на објектот.

Граѓаните во неверување како за кратко време, невремето направи огромна штета.

Прогнозата за денеска беше променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално со поинтензивни процеси  во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Од недела ќе дува засилен северен ветер и ќе има опаѓање на температурата, соопштуваат од УХМР.

фото: Охрид 1

видео: Охрид 1