Најмалку 16 загинати, автобус удрил во екипи додека интервенирале во друга сообраќајна несреќа во Турција

Најмалку 16 лица загинаа, а 22 се повредени во двојна несреќа во близина на градот Газиантеп во јужна Турција, соопштија во саботата локалните власти.

Меѓу загинатите има тројца пожарникари, четворица вработени во итната помош и двајца новинари, објави гувернерот на Газиантеп, Давут Ѓул.

Спасувачките служби прво пристигнале на главниот пат на местото на несреќата на минибус, а потоа на нив налетал патнички автобус.

Автобусот се превртел и се лизнал 200 метри, удрил во возилото на брзата помош и во медиумска екипа.

НТВ емитува снимка од местото на несреќата на која се гледа како жртвите се извлекуваат од автобусот, опишувајќи ја ситуацијата како „хаотична“.

makfax.com