(ФОТО) Пецаков оствари средба со играчите, стручниот штаб и управата на Ракометниот клуб Охрид – ГРК Охрид

0
253

Како поранешен спортист знам колку е важна поддршкатаи обезбедување сигурност во текот на натпреварувачката сеозна.
Затоа денес остварив средба со играчите, стручниот штаб и управата на Ракометниот клуб Охрид. ( ГРК Охрид ), напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во објавата градоначалникот додава:

Ја потенцирав поддршката што Локалната самоуправа ја дава на клубот и ги уверив дека таа ќе продожи и во иднина.
Им посакав успех во претстојната сезона и да продолжат да бидат една убава слика на градот.
На крајот од средбата сите заедно посакавме повторно да се сретнеме во овој состав за да прославиме успех во натпреварувачката сезона.

извор: ФБ Кирил Пецаков