Харис Џиновиќ полудел кога дознал дека ќерка му е во врска со Војаж

Познатиот пејач Харис Џиновиќ полудел кога дознал дека неговата ќерка Џина се забавува со раперот Војаж.

Инаку, ова е една од причините зошто младиот пар со денови се обидува да ја демантира врската. Покрај тоа што Џиновиќ се спротиставува на нивната љубов и раперот сака во јавност да глуми слободно момче, поради големиот број тинејџерки кои се негови најголеми фанови.

„Откако се појавиле фотографии од нивниот дејт, Војаж и Џина се баш во проблем. Не им е јасно како некој ги фотографирал, кога воделе сметка никој да не ги види. Но, љубовта не може да се сокрие. Затоа тие се договориле да не признаваат дека се во врска, туку да кажат дека се само другари. Сепак, во куќата на Џиновиќ настанала вистинска драма кога Харис дознал дека ќерка му се забавува со младиот пејач. Таа му се правдала дека тоа не е вистина и дека се само пријатели, но Харис не поверувал во нејзината приказна. Тогаш и му станало јасно зошто таа одлучила овие две години да не оди со мајка и Мелина на Азурна обала, која ја обожава, туку да остане во Белград – тврди изворот.

„Харис полудел. Тој едвај го прифатил и поранешното момче на Џина, фудбалерот Андреј Ѓуричиќ и тоа нивно јавно експонирање на врската. Сега кога дознал дека миленичката му се забавува со пејачот, тој полудел. Таа веднаш му јавила на Војаж каква е ситуацијата во нејзиниот дом и дека мора да ги уверат сите декае тие се само пријатели – додал изворот.

 

ubavinaizdravje.mk