Шпанскиот кошаркар Усман Гаруб, стана хит откако сите го видоа како го игра натпреварот со валкани шорцеви. Шпанците играа два квалификациски натпревари за Мундобаскетот, а Гаруб на мечот против Холандија, кој Шпанците го добија со 86:64, играше со извалкан шорц.
Оваа ситуација потсети на моментот од финалето во НБА во 2008 година, кога Пол Пирс играше за Бостон, против Лос Анџелес Лејкерс.
Го напушти теренот во количка, а неколку минути подоцна се врати на теренот. Наводно тоа било трик за да оди во тоалет, а потоа без проблеми го продолжи мечот.
За потсетување, Гаруб на мечот против Холандија постигна 10 поени и шест скока.
info.mk