Струен удар врз бизнисот

Од цената на струјата зависи опстанокот на многу фирми. За една година цената на струјата за компаниите е зголемена за 10 отсто. Фотоволтаиците се еден од начини да се намалат високите сметки, но бизнисмените се жалат на долгите и комплицирани процедури за да се постави сончева централа.

Многу фирми можеби нема да ја дочекаат зимата, која според најавите ќе биде една од најтешките. Сметките за струја им се неколкукратно зголемени, па најчесто спомнувана опција е катанец на врата. Годинава веќе затвориле повеќе од 5300 фирми покажуваат податоците на Централниот регистар. Лани за цела година затвориле скоро 7000 фирми.

Од февруари до јули годинава цената на струјата е зголемена за двојно, па ако во февруари компаниите плаќале 200 евра за киловат час струја, во јули плаќале по 400. Месецов, пак, цената на струјата на светските пазари надмина 700 евра, а имаше денови кога достигна и над 1000. За една година тоа е зголемување за 10 пати, оти лани струјата се продаваше за 70 евра за киловат час.

 

Радио Слободна Европа