(ФОТО) Дуа Липа во проѕирен бел фустан на свадба или на плажа?!

Без разлика дали страсно ја следите светската модна сцена или само лежерно ќе погледнете во комбинациите на трендсетерките додека талкате низ Инстаграм, во последните години сигурно не можевте да ги избегнете парчињата на францускиот бренд „Jacquemus“.

Зад него стои 32-годишниот дизајнер Сајмон Порт Жакемус, кој брзо стана миленик на љубителите на модата.

Сајмон  се ожени со својот долгогодишен партнер Марко Маестри на церемонија која се одржа во францускиот град Шарлевал.

На свадбата дојдоа многу познати клиенти на Сајмон, меѓу кои и Дуа Липа. Убавата пејачка за венчавката избра долг бел фустан од проѕирен материјал со висок шлиц од страна и гол грб. Го искомбинирала со црна Jacquemus чанта и сандали на високи потпетици.

Ова не беше свадба на која некој би ја прекорувал што носи бел фустан, не само затоа што кодексот на облекување дозволувал бело.

Така мајката на Марко, Кети, облекла елегантен бел фустан со потписот на нејзиниот зет, а за бел фустан се одлучила и бабата на Сајмон, Лилин.

 

ulica.mk