Најстариот примерок на Стариот завет би можел да вреди 50 милиони долари

Копија од Стариот завет стар повеќе од 1.000 години ќе се најде на аукција во Њујорк, а доколку се продаде за околу 50 милиони долари, ќе стане најскапиот историски документ. Тоа е најраната и најкомплетната копија на хебрејските списи.

Најраната и најкомплетната копија на Стариот Завет, или Танах, е всушност книга позната како Сасунски кодекс, именувана по нејзиниот современ сопственик, Дејвид Соломон Сасун, истакнат и страстен собирач на јудејски и хебрејски ракописи.

Датира од крајот на 9 или почетокот на 10 век, Сасунскиот кодекс ги содржи сите 24 книги од Стариот завет и му недостигаат само 12 листови и е повеќе од еден век постар од најраната целосна копија на Стариот завет, Ленинградскиот кодекс.

Кодексот на Сасун би можел да стане највредниот историски документ што некогаш бил продаден на аукција. Инаку, аукцијата е закажана во „Сотби“ во Њујорк за 16 мај 2023 година.
Се проценува дека вреди меѓу 30 и 50 милиони долари.

„Стариот завет е свет, темелен текст за народите ширум светот. Христијаните и муслиманите ги почитуваат текстовите затоа што учат дека Тората и Псалмите се божествено откриени книги. Стариот завет е веројатно највлијателната книга во историјата на човештвото и основата на западната цивилизација“, вели Шерон Либерман Минц, виш јудаичен експерт во Одделот за книги и ракописи на „Сотби“.

Пред продажбата во Њујорк, кодексот на Сасун ќе биде достапен за јавноста, за првпат по 40 години, во „Сотби“ во Лондон, а потоа ќе биде изложен во Тел Авив, Далас, Лос Анџелес.

Во ноември 2021 година, аукциската куќа „Сотби“ продаде еден од првите примероци на американскиот Устав за 43 милиони долари, што е рекордна цена за историски ракопис.

извор: 24info.mk