(ВИДЕО) Возило на Итната медицинска помош со пациент заглавено кај Мавровка

Невремето кое попладнево го зафати Скопје, направи вистински хаос по улиците.

Дел од нив се целосно поплавени, а на други делови има штети од паднати дрва.

Според видеата кои се објавуваат на социјалните мрежи, драматична била состојбата кај Мавровка.

Таму во водата на улица е заглавено возило на Итна помош.

Во возилото има пациент, кој како што информираат на видеото на социјалните мрежи, е во добра состојба.

kurir.mk