Поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, кој отслужува доживотна казна затвор во Хаг за воени злосторства, е хоспитализиран и е во „лоша здравствена состојба“, изјави неговиот син Дарко Младиќ за АФП.
Дарко Младиќ во кус телефонски разговор за Франс прес во Белград ја потврди информацијата за локалните медиуми. Тој им кажал дека поранешниот генерал е хоспитализиран поради неговата кревка здравствена состојба. Прво беше во цивилната болница во Хаг, а од четвртокот е во затворската здравствена установа на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови (MTPI) со седиште во Хаг.
Неговото здравје е лошо. Во Србија е подготвен тим од лекари кои би можеле да одат да го видат, но сè уште не знаеме дали ќе им биде дозволено. Ќе побараме дозвола овие лекари да го прегледаат“, изјави Младиќ за АФП.
На прашањето на АФП да ја коментира информацијата, службите на МТПИ одговориле дека „не можат да коментираат за здравствената состојба на уапсениот бидејќи се работи за доверливи информации“.
извор: АФП