Две петгодишни момчиња денеска избегаа од градинка на Петлово Брдо, во белградската населба Раковица. Во претресот учествуваа многу луѓе, а пред се полиција, пишуваат српските медиуми.
Како што дознава Информер од родителите на најмалите, кои одат во истата градинка од која избегале момчињата, драмата започнала околу 11:30 часот, кога било забележано дека две петгодишни момчиња не се во градинката.
Не можам да ги опишам стравот и траумата. Само што дознавме дека децата се исчезнати. Во потрагата се вклучија сите, пред се полициската станица Раковица, во која е пријавено исчезнувањето на момчето – изјави извор запознаен со случајот.
Според информациите биле информирани сите полициски патроли во тој дел од градот и сите биле вклучени во потрагата.
По еден час полицајците, припадници на полициската станица Раковица, ги пронашле момчињата во Видиковац и ги вратиле кај родителите. Имаше солзи на родители, но и на деца кои, како што слушнав, се качиле во автобусот на релација број 56 и се упатиле кон Видиковац – вели истиот извор.