Иџе оствари прва победа со своето Ферари!

Игор Стефановски се запозна со новиот автомобил и почна да се чувствува како едно со своето Ферари, а денеска ја дочека и првата победа во својата нова авантура на Европскиот шампионат на ридски патеки.

Популарниот Иџе прикажа добри перформанси на претходните четири трки и се најде на пиедесталот, но денеска го освои првото место на втората трка која се возеше во Германија.

Стефановски беше побрз од конкуренцијата и оствари најдобро време на втората трка која се возеше на Глазбахренен, патека на која Иџе за првпат возеше по пауза од десет години.

Денешната победа сигурно ќе му донесе посебна сатисфакција на македонскиот автомобилист, бидејќи истата е прва која ја остварува во црвените бои на Ферари.

– Ова е тоа што го чекав – 1-во место, прва победа со Ферари.

 

derbi.mk