Денес во Македонија измерена е највисока температура од 36.2 степени – Утре уште потопло до 38 степени

Денешниот веќе изминат ден во Македонија беше многу мачен, спарен и топол, а веќе во воздухот е присутна  и Сахарската прашина и песок која ќе не дружи целата оваа недела. Највисока максимална температура од 36.2 степени денес е измерена во Велес, а во Скопје е измерена температура од 34 степени.

Во продолжение на табелата погледнете ги и останатите температури измерени по градови и места низ Македонија во 17 часот попладнево, и тоа на мерните станици на УХМР

Утре максимумот на температурите ќе се движи во интервалот од 30 до 38 степени, а веќе од среда на повеќе места тие ќе се искачуваат  и до околу 35 степени, додека во централните  и во југоисточните предели барем според моментално достапните метеоролошки модели локално тие ќе надминуваат и 40 степени.

 

meteoalarm.mk