(ФОТО) После цели 19 месеци од раѓањето првата деветорка во светот се веќе дома со мајката

Првата деветорка во светот се роди во мај 2021 година, во 30-тата недела од бременоста. Секое бебенце тежеше меѓу 450 и 900 грама, па тие мораа да поминат месеци во инкубатор пред да си одат дома. Сега, нивната здравствена состојба е одлична.

„Има многу работа, но Алах, кој ни го даде овој благослов, ќе ни помогне во нивното растење и грижата за нив“ – рекол нејзиниот сопруг Абделкадер Арби по заминувањето дома.

Кога се породи, Халима имаше 25 години, а докторите сметаа дека носи седум бебиња. Огромно било изненадувањето кога се родиле девет бебиња, кои го срушија Гинисовиот рекорд за најголем број на родени преживеани деца на едно раѓање.

femina.mk