Директор на средно училиште во Велес, добил аудио снимка на социјалната мрежа „Фејсбук“ од непознат профил за наводен сексуален однос меѓу професор од СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес и ученичка во истото средно училиште, информираат од СВР Велес за Прес24.
„На ден 14.12.2022 година во Полициската станица во Велес, Директорот на СОУ „Кочин Рацин“ во Велес пријавил дека на ден 15.10.2022 година преку социјалната мрежа „facebook” од непознат профил добил аудио снимка со разговор за наводен сексуален однос меѓу професор од неговото училиште и девојче, а потоа добил и СМС порака со заканувачка содржина доколку не преземе мерки против професорот. Се работи на расчистување на случајот“, информирал портпаролот на СВР Велес за порталот.
press24.mk