Чест и задоволство ми е денеска со сигурност да верувам дека чекорот што го преземам, доверувањето на мандат за состав на влада на Hristijan Mickoski е вистински правен и политички чекор.
При конституирањето на Собранието, претседателот на Собранието беше избран со 76 гласа „за“. Овој резултат и преговорите што се во тек ми даваат за право основано да сметам дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има сериозна можност да формира влада односно да освои 61 глас за својата програма и за составот на владата што, се разбира, ќе го предложи во следните 20 дена.