ММС: Осомничениот убиец на Вања во затвор откри зошто посегнал по детски живот

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и останатите осомничени Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски се во 30-дневен притвор во затворот во Шутка, во привор е и возачот Стефан Димковски, а првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо се уште не е екстрадиран од Турција.

Медиумите досега информираа дека осимничените се затворени во посебни ќелии, а штом останатите притворени ќе ги виделе им упатувале навреди и тропале по решетките. И тие се згрозени од двојното убиство, особено на малата Вања.

Тројца од четворицата осомничени кои се во Шутка, ја признаа вината и своите улоги во оваа грозоморна операција.

Затоа и нивното влегување во затворот во Шутка беше дочекано „на нож“.

ММС од свои извори дознава дека додека ги сместувале во келиите постојано им се довикувало: „Како сте можеле да убиете дете“, „Зошто?“, „Зошто го убивте детето?“

На тоа велешанецот Велибор Манев само кусо одговорил :

„Ми требаа пари за свадба“, рекол Манев, дознава ММС.

А тој одговор уште повеќе ги изреволтирал сите и притворените, затворените и вработените.

 

Текстот во целост на:mms.mk